Правила на играта

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

1. Организатор на наградната игра:

Организатор на наградната игра со име “Со Пепси на финале“ е Прилепска Пиварница АД-Прилеп, со седиште на ул. „Цане Кузманоски“ бр.1 Прилеп, со ЕДБ 4021991109104 и ЕМБС 4071344.

2. Времетраење на наградната игра:

Времетраењето на наградната игра “Со Пепси на финале“ е периодот од 01 март 2020 година (од 00.00 часот - почеток на наградната игра) до 20 април 2020 година (до 15.00 часот - крај на наградната игра).

3. Територија:

Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република С. Македонија.

4. Право на учество:

Право на учество во наградната игра имаат сите консументи на производот Пепси кола и Пепси макс од Прилепска пиварница АД Прилеп (организатор на наградната игра) а постари од 18 години, освен вработените во Прилепска Пиварница АД-Прилеп, маркетинг агенцијата „Еден на еден“ ДООЕЛ Скопје и Тера Комуникејшнс ДООЕЛ Скопје како и членовите на нивните потесни семејства.
Во наградната игра ќе учествуваат следните производи:
- Пепси кола во пакувања од 0,5 л. и 1,5 л. ПЕТ амбалажа
- Пепси макс во пакување од 1,5 л ПЕТ амбалажа

5. Цел на наградната игра:

Наградната игра, Организаторот Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја прави со цел рекламирање на неговиот производ „Пепси“.

6. Начин за учество во наградната игра:

За да се учествува во наградната игра потребно е да се купи еден од производите „Пепси Кола“ (во пакување од 0,5 литри ПЕТ или 1,5 литри ПЕТ амбалажа) или „Пепси Макс“ (во пакување од 1,5 литри ПЕТ амбалажа) од Прилепска пиварница А.Д. Прилеп.
Пакувањата кои ќе учествуваат ќе бидат со посебни златни капачиња назначени дека се за наградна игра. По завршување на наградната игра производите со посебните капачиња ќе бидат повлечени од терен.
Потребно е да се испрати единствениот код кој се наоѓа на внатрешната страна на капачето (под капаче). Испраќањето на единствениот код се врши или бесплатно преку креирање на персонален кориснички профил и внесување кодови преку самиот профил на на веб страната www.fudbal.pepsi.com.mk или преку испраќање СМС порака на телефонскиот број 145 111. Секоја SMS порака чини 5 ден. + ДДВ.
Еден код од внатрешната страна на капачето од поединечен производ може да биде испратен само еднаш или преку креираниот персонален кориснички профил или преку СМС порака.
Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.
Секоја злоупотреба од учесниците во наградната игра ќе биде веднаш пријавена од организаторот на наградната игра до надлежните државни органи.

7. Извлекување на добитници

Испраќањето на единствените кодови кои ќе учествуваат во наградната игра, а кои се наоѓаат на задната страна на капачето од производите, ќе може да се врши од 01.03.2020 од 00.00 часот најдоцна до 20.04.2020 до 15.00 часот, преку веб страна www.fudbal.pepsi.com.mk или СМС порака.

7.1 Извлекување на неделни награди - Sony PlayStation PS4 500GB со 1 игрa, Adidas фудбалски топки, маици, капчиња

Во период од 01 март 2020 година до 13 април 2020 година секој понеделник во 15.00 часот ќе биде извлекуван по:

  • 3 (три) Sony PlayStation PS4 500GB со 1 игрa, односно ќе бидат доделени вкупно 18 Sony PlayStation PS4 со 1 игра
  • 3 (три) Adidas фудбалски топки, односно ќе бидат доделени вкупно 18 Adidas фудбалски топки
  • 10 (десет) маици, односно ќе бидат доелени вкупно 60 маици
  • 10 (десет) капчиња, односно ќе бидат доделени вкупно 60 капчиња

Место на одржување на наградната игра е целата територија на Република С. Македонија.

1
09.03.2020 година во 15.00 часот, а ќе учестуваат испратените пораки од 01.03.2020 од 00.00 часот до 15.00 часот на ден 09.03.2020
2
16.03.2020 година во 15.00 часот, а ќе учестуваат испратените пораки од 09.03.2020 од 15.01 часот до 15.00 часот на ден 16.03.2020
3
23.03.2020 година во 15.00 часот, а ќе учестуваат испратените пораки од 16.03.2020 од 15.01 часот до 15.00 часот на ден 23.03.2020
4
30.03.2020 година во 15.00 часот, а ќе учестуваат испратените пораки од 23.03.2020 од 15.01 часот до 15.00 часот на ден 30.03.2020
5
06.04.2020 година во 15.00 часот, а ќе учестуваат испратените пораки од 30.03.2020 од 15.01 часот до 15.00 часот на ден 06.04.2020
6
13.04.2020 година во 15.00 часот, а ќе учестуваат испратените пораки од 06.04.2020 од 15.01 часот до 15.00 часот на ден 13.04.2020

7.2 Извлекување на главната награда – пакет од 2 (две) карти UEFA Champions League Final Istanbul 2020 со вклучен транспорт и сместување за две лица.

Главната награда вклучува:

  • Пакет од 2 (две) карти за UEFA Champions League Final Istanbul 2020 кој ќе се одржи на 30 мај 2020 во Ataturk Olympic Stadium. Истанбул, Турција
  • 2 ноќевања за 2ца во 3/4 ☆ во Истанбул (Bosporus Area), Турција во double/twin соба
  • Транспорт од и до аеродром во Истанбул
  • Транспорт од и до стадион во Истанбул
  • Повратен авионски лет Скопје-Истанбул и Истанбул-Скопје во наведениот период:
  • Поаѓање од Скопје: 29ти мај 2020
  • Поаѓање од Истанбул: 31ви мај 202

Главната наградна не вклучува дополнителни трошоци како:

  • Патничко осигурување
  • Дополнителни трошоци во хотелот
  • Сите останати трошоци кои не се изрично наведени во наградата

Извлекувањето на главната награда ќе биде на 20.04.2020 година во 15.00 часот и во извлекувањето ќе учествуваат сите испратени недобитни испратени кодови сметано од 01.03.2020 година од 00.00 часот до 15.00 часот на 20.04.2019 година.
Извлекувањето на главната парична награда ќе биде во просториите на СКЕНДЕРОВСКИ ПРОДУКЦИЈА ул.Интернационални бригади бр.4 1000 Скопје и во живо ќе биде пренесувано на https://www.facebook.com/PepsiMakedonija/ на 20.04.2020 година во 15.00 часот.

Извлекувањето со посебно изработен софтвер и по случаен избор од кодовите испратени преку смс и веб ќе го извршува ТРГОВСКО ДРУШТВО “ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ СКОПЈЕ на адреса ул. “11-ти Октомври“ бр.25 канц 705/кат 7 Скопје Центар.

8. Подигнување на наградите

Организаторот на наградната игра, неделните награди Sony PlayStation PS4 500GB со 1 игрa, Adidas фудбалски топки, маици, капчиња ќе ги предаде во рок не подолг од 30 дена од денот на објавувањето на добитниците со тоа што добитникот на наградата е должен да се легитимира преку приложување документ за идентификација, доказ дека е корисник на телефонскиот број/корисничкиот профил (од каде е пратен добитниот код) и е должен да го достави капачето со извлечениот код. Добитникот, по избор, може наместо достава, лично да ја подигне наградата од седиштетето на организаторот на наградната игра во рок од 30 дена од денот на јавното објавување на добитниците.
Единствено за главната награда добитникот најдоцна до 25 април треба да пополни формулар со негови лични податоци и податоци од лицето кое ќе го придружува на настанот, со цел да може да му биде доделена главната награда (услов за да може да се присуствува на настанот). Доколку до 25 април не бидат доставени потребните податоци од страна на добитникот, главната награда нема да биде доделена. Забранета е препродажба на картите.
При телефонскиот повик од организаторот добитникот на наградата одлучува за начинот на доделувањето на наградата. Доколку добитникот не достави информација за точна адреса и/или телефонски број или не ја подигни сам наградата од Прилепска пиварница АД или не го пополни соодветниот формулар за главната награда во предвидениот рок, организаторот нема никаква одговорност околу наградите и не е должен да ја предаде наградата.
Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет.
Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно известување на Организаторот.

9. Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците, а Прилепска пиварница АД-Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 5 дена од денот на поднесување на приговорот. Приговорите ќе се разгледуваат само доколку се упатени по писмен пат на адресата на Организаторот ул.„Цане Кузманоски„ бр. 1 Прилеп.

10. Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, по добивањето на согласност од Министерството за финансии, ке бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната игра, www.fudbal.pepsi.com.mk пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се емитуваат и телевизиски спотови, а потенцијалните учесници ќе бида запознати и преку билборди, социјални мрежеи и постери.

11. Награди кои ќе бидат доделени во наградната игра со име “Со Пепси на финале“ во организација на Прилепска Пиварница АД-Прилеп се:

12. Сите трошоци за наградната игра ги сноси Прилепска пиварница АД-Прилеп од својот буџет за реклами. Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и данокот на личен доход. Секој од добитниците ќе добие потврда за добивка со подмирен данок на личен доход, подготвена и заверена од организаторот на наградната игра.

Р.бр.
опис на награда
количина
единечна цена
вкупна нето сума
ддв 18%
Вкупно
1
Еден пакет од 2 (две) карти за UEFA Champions League Final Istanbul 2020 со вклучено сместување (silver package) и повратен авионски лет Скопје- Истанбул, Истанбул-Скопје за две лица
1
368.580,00
368.580,00
/
368.580,00
2
Sony PlayStation PS4 500GB Slim со 1 игрa (Fortnite S)
18
14.237,28
256.271,19
46.128,81
302.400,00
3
Адидас фудбалска топка
18
1.516,95
27.305,08
4.914,92
32.220,00
4
Пепси маица
60
250,00
15.000,00
2.700,00
17.700,00
5
Пепси капа
60
180,00
10.800,00
1.944,00
12.744,00

13. Со пополнувањето на пријавата за наградната игра, учесникот во наградната игра изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Oрганизаторот се обврзува дека ќе ракува со спомнатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласнот со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.
Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за законски цели при изведување на наградната игра.
Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

Учесниците во наградната игра се согласуваат нивниот податок телефон и електронска пошта да може да се користи за комуникација како и да може јавно да се објави доколку бидат извлечени.
Добитниците на наградите се согласуваат да се фотографираат со наградата и фотографијата да може да се користи за маркетинг цели.
Добитникот на главната награда се согласува да соработува со организаторот на играта заради обезбедување на фото и видео материјали од неговото присуство на UEFA Champions League Final Istanbul 2020 кои организаторот ќе може во оригинална или доработена форма да ги користи за сопствени маркетинг цели (објава на социјални медиуми или други канали по потреба).

14. Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавени. Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.

15. Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра надлежен е Основен суд Прилеп.

Овие правила ќе започнат да се применуваат откако Министерството за финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа-наградна игра и ќе важат се до завршувањето на наградната игра. Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие Правила.